Утре во законодавниот дом свечена заклетка пред претседателот на Собрнаието ќе дадат новоизбраните членови на Државната изборна комисија, Ангелчо Ристов, дипломиран правник со положен правен испит и магистер по управно право и јавна администрација од Делчево и Светлана Карапетрова, дипломиран економист и магистер по економија – финансии, сметководство и ревизија од Тетово.
Двајцата нови членови на ДИК кои беа избрани на 19. собраниска седница, доаѓаат на местата на Бобан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој стана заменик генерален секретар на Собранието, и на Радица Ристеска од СДСМ, која замина во пензија.