Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мисовски до Стојановска, на денешната седница за буџетот: Дафина ќе го вратиме ли името?

Втор ден жестока расправа меѓу власта и опозицијата за Предлог буџетот за 2025 година, во Комисијата за финансирање и буџет. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска ја повика опозицијата да призне дека за време додека биле на власт, направиле многу грешки и во економијата и во политиката и затоа ги изгубила изборите. Пратеникот и лидер на НСДП. Горан Мисовски ги отфрли ваквите обвинувања и рече дека изборите ги изгубиле заради тоа што не ги лажеле граѓаните , за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кога едно зборува во опозиција а друго на власт. На Стојановска и посочи дека нема потреба од предизборни говори бидејќи веќе се на власт.

“Времето на сеење магла, колеги, ви истече. Сега доаѓа време кога треба да одлучите, дали ќе се коригирате за нестореното и ќе признаете дека сте погрешиле со вашите економски експесрти и програми или, ќе продолжите во тунелот без крај“.

За реплика се јави пратеникот и лидер на НСДП, Горан Мисовски на пратеничката на Стојановска и посочи дека нема потреба од предизборни говори бидејќи тие веќе ја имаат власта.

„Дафина, Вие не сте веќе во опозиција. На власт сте. Се што кажавте, 99% излажавте. Ќе ви кажам зошто ги изгубивме изборите. Ние бевме многу искрени кон нашите гласачи. Тврдевме дека Република Северна Македонија, треба да биде полноправна членка на ЕУ. Стигна предлогот од страна на Република Бугарија, го прифативме Францускиот предлог. Во Собранието говоревме многу искрено. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, во чаша со вода ставаа црвена боја, ја истураа пред говорницата и велеа, ‘еве, овие предавницигте, ќе ја погазат, ќе ја изгнасат крвта на нашите претци’. Дафина ќе го вратиме ли името назад? Вие тврдевте дека името ќе го вратиме назад. Е, затоа изгубивме“, рече Мисовски.

Потсетувајќи се на разговор со пријател, Мисовски псоочи дека тој му рекол: ‘политичарите во принцип знаат да лажат, ама најмногу во избори’.

„Вие претеравте со лажење, ги излажавте граѓаните, си го излажавте членството, и дојдоа резултатите“, рече Мисовски на денешната дебата за буџетот за 2025 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен