Инцидент се случи за време на расправата за Предлог-буџетот за 2025 година на Комисија за финансирање и буџет, додека на говорницата беше пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи.
Додека му реплицираше на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, Битиќи гледајќи кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наеднаш го крена прстот и неколку пати повтори:
„Те молам уште еднаш немој да го употребиш тој збор. Уште еднаш немој да го употребиш. Прв и последен пат“, по што ја прекина репликата и видно револтиран се упати кон пратеникот Бојан Стојановски.
Камерата од седницата потоа се насочи кон групата пратеници каде што беа Битиќи и Бојан Стојановски, но и други кои очигледно спречија посериозен инцидент.
Инаку, Битиќи во репликата рече дека јавниот долг ќе достигне ниво од 70,8 отсто од БДП, со неисплатените одбврски од локалната самоуправа, што не е наведено во фискаланата стратегија. Тој исто така додаде дека ставката за Стоки и услуги е зголемена за цели 15 отсто, а Договорните услуги за 4,9 милијарди денари или за над 80 милиони евра, што очигледно ги изнервира пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои му дофрлија непристојни зборови.
Преземено од 24инфо.мк