Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасовски: Криминалните пресметки се показател за пристапот и неспособноста на актуелниот министер

“Вистинско прашање сега се поставува, зошто за само неколку месеци ни се случуваат 25 вооружени инциденти во коишто имаме ранети, убиени граѓани. Зошто овие настани се случуваат и зошто токму овие криминални банди добиваат на значање на сила токму во овој период. Нема оправдување”, истакна пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање.

Спасовски оцени дека е неоправдано некој што една година го предводи некој МВР да кажува дека заради тоа што се случувало во минатото сега не може да преземе ништо повеќе.

„Се бара знаење, посветеност и пристап којшто ќе овозможи заштита на граѓаните“, рече Спасовски. „На крајот ниту еден граѓанин не му важно со што се соочува некој министер или Министерство за внатрешни, граѓаните сакаат мир и безбедност затоа што е недозволиво да излезат и да се плашат дали некој во одреден момент, некоја криминална група ќе пука, ќе подмете бомба или не дај Боже да се случат посериозни настани“.

Тој информираше дека истиот ден, вчера, кога се случи активирањето на бомбата во Керамидница, се случило пукање и во куќа во Шуто Оризари, вооружена престрелка, која не се објави во јавноста.

„Треба да се преземаат мерки, а тие мерки може да дадат резултати не ако се удира по професионалците во МВР туку ако им дадете потстрек за да се борат со криминалот и со справувањето со ваквите криминални структури“, оцени Спасовски.

Зачлени се на нашиот е-билтен