Жителите на селото Оревоец, прилепско продолжуваат да протестираат против ископите на „Бехтел и Енка“ за изградба на автопат, обвинувајќи дека ископот е штетен по здравјето, водоснабдувањето, како и по стабилноста на околните објекти.
„Ако некој решил да бриши цели села од мапата на оваа држава, слободно нека повели, ова е начинот на кој ние се спротивставуваме. Ние продолжуваме упорно и ако денес ги кренат возилата со пајак службата наутро пак ќе има возила овде, веднаш после нивното кревање и ако можат да ги кренат сите возила од град Прилеп, слободно нека продолжат со ваквите активности“ изјави Жарко Стеваноски, адвокат и жител на селото Оревоец за „Инфо-компас“.
Жителите на Оревоец ги блокирале патот со своите возила, иако откриваат дека добивале закани од полицијата дека сите ќе бидат претворени доколку не се повлечат од блокадите.
Тие сепак велат дека нема да се повлечат по никоја цена, бидејќи случајот во моментов е во судска постапка, во која тие бараат стопирање на ископот.
„МВР ни кажува преку командирот дека имало наредба да се отстранат возилата, да се приведат присутните и дека тоа ќе го сторат по секоја цена. Во моментот постапката е на одлучување за времена мерка пред Апелациониот суд Битола и сметам дека ваквата наредба е апсолутно незаконита ако се знае дека јавното претпријатие е странка во постапката и дека се очекува исходот во постапката. Најмалку што можеше е директорот на јавното претпријатие е да го сочека исходот на постапката за изрекување на привремена мерка, па потоа да презема вакви, можам да речам режимски мерки“ рече Стеваноски.
Жителите на селото Оревоец предупредуваат дека доколку се започне со активно минирање на теренот и копањето на камен комплетно ќе се уништи целото село, а во опасност ќе се доведат и изворите за вода на Прилеп.
Фото: infokompas.com.mk