Премиерот Христијан Мицкоски признава дека неговиот план за евроинтеграциите не дава резултат, истакнувајќи дека не знае дали е можно да се направи некаков исчекор до крајот на годината.
Тој остана дециден дека не планира уставни измени, за разлика од коалиционите партнери од Вреди.
„Не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, но знам дека ќе сториме се што е во наша моќ да се обидеме нашето прашање да го претставиме онака како што е, пред сите светски авторитети. И тоа го направивме во изминатиот период. Дали ќе има некаков напредок – не знам, дали ќе има промена на нашата позиција – нема да има“ истакна Мицкоски, признавајќи дека предизборното ветување за брзо решавање на прашањето за евроинтеграциите стана неостварливо.
Тој додаде дека не знае дали ќе се постигне напредок на полето на евроинтеграциите во следните месец, два шест.
Мицкоски најави дека во декември два пати ќе отпатува во Брисел, каде што најави дека ќе разговарал за нашето прашања поврзано со деблокада на евроинтеграциите.
Претставици од ЕУ истакнуваат дека единствениот услов за одржување на Втората меѓувладина конференција на Северна Македонија со Унијата е усвојување на уставните измени, по што ќе може да биде отворен првиот кластер од преговорите, како што тоа го направи Албанија на 15 октомври оваа година.