Во пресрет на Меѓународниот ден на студентите – 17 ноември, претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за формирањер на Совет за млади, како повремено работно тело кое ќе ги разгледува и анализира прашањата поврзани со младите, младинските политики и иницијативите кои произлегуваат од потребите на младите со цел да се унапреди нивната положба во општеството, сооппти нејзиниот кабинет.
Советот за млади, се состои од претседател и 19 члена, а во неговата работа можат да бидат поканети да земат учество и научни и стручни работници, претставници од научни образовни установи, младински и студентски здруженија, како и претставници на организациите на стопанствениците од земјата.
За претседател на Советот за млади е именувана Лина Рангелова, а за членови на советот се именувани Кети Костовска, претставник од Министерство за образование и наука, Кристина Антовска, претставник од Министерство за социјална политика, демографија и млади, Ивана Митреска, претставник од Министерство за спорт, Драгана Бојковска, координатор на Клуб за младински прашања и политики, Арта Ќерими, Александар Каратошо, Марија Крстева, Дамјан Коњановски, Филип Ивановски, Александар Николовски, Ива Трпески, Кристијан Лазарев, Дарко Трајкоски, Доан Сулејманоски, Греса Ќаил, Филип Ивковски, Елена Спасевски, Дениз Мифтари и Христијан Илиевски.