Додека на дневен ред во Собранието е Предлог буџетот за 2025 година, граѓанските здруженија за борба против ХИВ, предупредуваат дека дури 40% од парите предвидени во Програмта за заштита на населението од ХИВ-инфекцијата за 2022 година, Владатал ги намалила.
Според организациите наместо предвидените 46,5 милиони денари во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција, наменети за услугите за превенција од болеста што ги спроведуваат околу 14 здруженија во 12 града во земјава, Министерството за здравство објави јавен повик за здруженија со износ намален за дури 19 милиони денари. Здруженијата велат дека за одлуката не е консултирана Националната комисија за ХИВ.
Здруженијата се гневни затоа што во Макеоднија речиси секоја година бројката на заболени од ХИВ расте. Според податоците во земјава со ХИВ годишно има над 46 лица забоени лицал, а во моментот околу 400 граѓани, се на терапија.
Инаку, истражувањата покажуваат дека една од најголемите пречки за справување со ХИВ е доцната дијагноза, затоа превенцијата и раното откривање на ХИВ се клучни. Со раното откривање на ХИВ и навремениот третман, целосно се спречува ризикот од понатамошно пренесување на инфекцијата по сексуален начин. Антиретровирусната терапија покрај тоа што им овозможува на лицата со ХИВ да живеат долго и квалитетно, е ефективна превенција на ХИВ, бидејќи го намалува вирусот на недетектибилно ниво, а со тоа оневозможува натамошен пренос.
По повод Европската недела на ХИВ тестирање и месецот на машкото здравје, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, под мотото „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“ им овозможува на сите заинтересирани граѓани во периодот 18-23 ноември бесплатно и доверливо да се тестираат за ХИВ и други сексуално преносливи инфекции во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно.
Резултатите се доверливи и се добиваат за само 20 минути, а услугите вклучуваат и тестови за други сексуално преносливи инфекции како сифилис, гонореја и кламидија.
Ноември е месец на грижата за машкото здравје и затоа посебно ги охрабруваме сексуално активните момчиња и мажи да се обратат во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ кој се наоѓа на ул. „Елисие Поповски Марко“ бр.2, од 18 до 23 ноември секој работен ден од 15 – 18ч. и сабота од 12 -15ч.
Термин за бесплатно тестирање можете да закажете на телефонскиот број 02/ 3176 – 950, или онлајн на следниов линк: https://hera.org.mk/onlajn-zakazuvanje-pregled/