Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Макрадули: Со Планот за чист воздух од 2018 успешно се справувавме со аерозагадувањето, да не почнуваме од нула

Овие денови во медиумите главните содржини се однесуваат на аерозагадувањето. Тоа ни се повторува секогаш кога доаѓа сезоната на греење. Се крена дебатата за тоа што треба да се направи, што е постигнато досега и во кои насоки треба да се движи борбата за спречување и за намалување, а во исто време се заборава во одреден период во нашата земја постоеше еден стратешки пристап кон ова прашање кој беше наречен План за чист воздух.

Во обликувањето на тој План за чист воздух учествуваше Јани Макрадули, тогаш како заменик министер за животна средина, но ја презеде и функцијата претседател на интер-ресорската група која ги опфати сите институции, структури, кои беа на било кој начин засегнати од ова прашање, кои можеа да учествуваат во оваа насока за да се спречи или конечно да се реши аерозагадувањето во градот и во земјата.

Со Јани Макрадули разговараше Зоран Бојаровски

Како од денешен аспект ви изгледа изјавата на актуелниот премиер Мицкоски кога вели: „седум години буквално камен на камен не ставија, ако се зафатеја да работат нешто можеби до ова и немаше да дојде, односно можеби ќе беше поинаку“. Што поттикнува оваа констатација на премиерот кај вас?

Јани Макрадули: Ме изненадува, сосема е непотребен коментарот бидејќи тоа е политика. Не нуди решенија. Мислам дека треба да бидат и ВМРО-ДПМНЕ и премиерот поискрени и да погледнат што се случувало и да продолжат со темелите кјас ја имав одговорноста да ја оишто се поставени.

Европската комисија, еве јас ќе дадам два коментари кои не се од домашни извори… Европската комисија нотираше во својот извештај (во 2019) дека за првпа е донесен план за чист воздух во нашата држава и тој стана стратешки приоритет, борбата со загадувањето стана стратешки приоритет на Владата уште од 2017 година кога премиер беше Зоран Заев.

Интер-ресорската работна група имаше една новина кога јас ја имав одговорноста да ја водам, а тоа е дека приклучивме и граѓански организации да биадт дел од тоа. Тие дадоа свој придонес и во формирањето и креирањето на Планот за чист воздух.

Ме вративте малку назад со една доза на сентименталност зашто убаво беше кога прочитав дека амбасадата на Шведска во Босна и Херцеговина ги повикува властите (во Сараево) да го видат Планот за чист воздух што е донесен во Македонија.

Тоа што беше подготвено како План за чист воздух, е во архивите на Владата?

Да.

Тоа значи дека тие што сакаат да се повикаат на континуитет на сите овие резултати за кои вие сега зборувате, можат да се навратат на тие документи и да ги продолжат или ревидираат…

Тие ги кажуваат, ама како свои. Министерот за здравство кога зборува за нееколошкиот начин на затоплување во болниците, тоа е дел од Планот што е веќе направен. Јас се сложувам дека требаат повеќе години, но темелот е тој. Планот, акцискиот план е тој. Не постои земја којашто поразлично го решила тоа прашање. Во Полска ги заменувале, во делови кои биле блиску до рудниците, системите за затоплување на јаглен и ги ставале на гас. Субвенционирале. Во сите европски држави имале субвенционирање, со помош на државата замена на нееколошките извори на затоплување, регулирање на урбаното зеленило, поставувањето на филтрите… Практично сите тие елементи на најдобри практики, ние ги вметнавме во тој План за чист воздух каде што како категории се начинот за затоплување, транспортот, делот на индустријата и урбаното зеленило…

Тоа беа тие глобални компоненти, областите на кои, главно, беше поставена целата стратегија на Планот за чист воздух?

Да, еве да речеме… Два примера кои премиерот Мицкоски не ги препознава… На иницијатива на интер-ресорската група Владата, ја прифати иницијативата, сега зборувам за тоа дека не само владата, туку и многу граѓански организации учествуваа во ова… За Планот за чист воздух се организираше дебата со граѓанските организации. Нивните предлози се дел од Планот за чист воздух.

Потоа, откако се креираше Планот за чист воздух имаше и една донаторска конференција на којашто претставници од амбасадите претставени. Она што денеска во некои градови се организира на иницијатива на шведската организација СИДА заедно со УНДП, кои и тогаш даваат голема помош и за Планот и за активностите, се практично дел од континуитетот на мерките (од Планот за чист воздух) и тоа е една сатисфакција. Но, навистина е непотребно да ги забошотуваме работите.

Еве уште една иницијатива дојде со предлог ДДВ-то на парното да се намали од 18% на 5% (зџа да се вратат домаќинствата на парно греење). Еве, премиерот и другите од ВМРО-ДПМНЕ плаќаат поевтино парно. Ваљда се сеќаваат.

Или, во малото каде што живее премиерот, во Влае во градинката „Пролет“ со инвестиции оф 55.000 евра, со пумпи вода-воздух се замени начинот на затоплување кој пред тоа беше на нафта. Замислете, дечиња доаѓаат во во градинка каде што се греат на нафта и каде што годишно се трошат 14 тони нафта. Тоа одговара на 30 куќи што загадуваат. Се направи инвестицијата и, сакам да потебцирам, замената на нееколошкото затоплување, без разлика дали е нафта или дрво, не само што е заштита на животната средина, туку има и економска заштеда.

Три до четири пати поевтино и сметките се намалени во сите оние објекти кадешто се интервенираше.

Во даден момент, во 2020 година… Дојдовме во ситуација каде што во Центар, општина, во Аеродром, во Карпош, вие немате градинки или училишта што загадуваат. Вие немате средно училиште во Скопје што загадува.

Кога зборуваме за ова што го кажувате, претпоставувам и гледам во тоа една мобилизација за сите оние што со свој придонес можат да направат нешто?

Ова е работа на сите и сите треба да учествуваат. Погрешен е пристапот „ајде сега ќе почнеме од нула“. Или, еве сега, во дебатата, Владата го употребува терминот когетенеративна централа. Да, ама таа се прави 5 години. Во следните 5 години што правиме? Ни требаат и некои краткорочни мерки. Ни требаат и неко, така наречени „меки мерки“ за да можеме да се справиме и во овој период. Но, кога зборувате дека мојот, односно како вика владата „мојот пристап е когенеративна централа“, ама, она што го научив во парламентот 14 години, политиката ви се гледа во буџетот. Во која ставка во буџетот за 2025 година стои когенеративна централа на гас. Нема.

Напротив, има помалку средства во развој на енергетиката, а она што мене ме загрижува, а и одредени делови од региони во Македонија, е дека има зголемени средства за геолошки истражувања. И ако зборуваме од аспект на животна средина, да не влезе Владата во една рудар варијанта по примерот на Србија, бидејќи доста политики копираат од таму.

Што значи дека, во тој случај, можеме да зборуваме за опасноста од загадување на животната среднина?

Да, апсолутно.

Да ве вратам пак на планот за чист воздух. Сето ова што го кажувате е холистички пристап сите да бидат опфатени, но во истовреме граѓаните, тогаш и сега ги интересира, и ова што го спомнавме дека на долг рок може да зборуваме за некоја стратегија, но граѓаните ги интересира што можат да очекуваат во наредната недела, во наредниот месец, барем на некој начин да се намали тоа загадување, дали имаше такви резултати кога беше Планот за чист воздух имплементиран?

Макрадули: Апсолутно, има многу податоци кои зборуваат можам да цитирам дека само во 12 градинки откако се замени нееколошкиот извор на затоплување се изгенерираа или се генерираа помалку од 135 килограми ПМ 2,5 честички или 176 ПМ10 честички, во тие градинки постигната е заштеда од 95.000 евра. Зборувам, секогаш има и економска и еколошка заштита. Во 29 основни училишта се интервенираше со планот за чист воздух, се намалија 429 килограми ПМ2,5, околу 559 ПМ10 честички со заштеда од скоро 300.000 евра. Тие се конкретни податоци. Планот вклучува во себе и инвестиции во енергетската ефикасност, тој носи заштеди до 30% за сметките на објектите каде што се интервенираше со планот за чист воздух или пак проекти кои тогаш, како на пример преку Светска Банка се реализираа. Затоа како бројка и пари но пред се како здравје се јасни податоците, споредено со 2016 -2020 година, во Центар, во Ректорат, во државниот мониторинг систем јасни беа податоците дека загадувањето е намалено. Имаше еден обид тоа да се девалвира дека имало повеќе ветер или дождови но и метеоролошките податоци после покажаа дека во 2019 година имаше многу помалку дожд отколку во 2016 година. Затоа велам политиката нема да помогне во решавањето на аерозагадувањето, треба конкретни мерки, краткорочни, среднорочни и долгорочни но додека ги чекаме долгорочните некако да се појават во буџетот, нас ни требаат реални мерки кои што секој може да придонесе да се имплементираат.

Пак ќе вратам на сеопфатноста во ангажаманот на сите институции важни да бидат вклучени во таа работа. Кога имавте една таква мобилизација имаше ли тогаш некој систем, контролен механизам, да речеме граѓанските организации учествуваа, но веројатно тие очекуваа после одреден период да видат што, дали дел од тоа се реализира. Имаше ли такви контролни механизми?

Макрадули: Имаше, ние постојано одржувавме состаноци, постојано се проверуваа мониторинг станиците државни при Министерството за животна средина (МЖСПП). Еве сега се сетив, во процесот на една иницијатива огромна беше во Владата на Заев, за инвертерите во Скопје, Битола, Кичево и Тетово. Тогаш за мониторинг, за процесот за имплементација беа ангажирани граѓанските организации. Транспарентноста беше на ниво. Потоа се префрли таа топка на општините. Еве и сега гледаме, се даваат инвертер, тие се некои мерки кои се напишани, проверени во повеќе држави, функционирале и кај нас. Знам дека заради енергетската криза и заради сиромаштијата одредени граѓани можеби се повлекле, се вратиле на нееколошки извори на затоплување, но тоа е задачата сега да се направи амбиент да се регулираат тие работи.

Велите не е доволно само Владата, само градот, потребен е еден голем ангажман, широка акција, дали тоа значи дека ние треба да зборуваме за зелен договор во Македонија? Прифативме зелен европски договор но еве, нели, го налага ова прашање, да постигнеме некој консензус за зелен договор во Македонија. Статистиките велат дека повеќе од 3000 луѓе умираат од последиците на аерозагадувањето. Тоа се сериозни и алармантни бројки, ни треба ли зелен договор?

Макрадули:  Апсолутно, јас мојот  ангажман во МЖСПП го завршив со таков предлог до Владата бидејќи беше очигледно дека после зелениот договор, европскиот зелен договор којшто се издигна со доаѓањето на Фон дер Лајен како позиција на потпретседател што беше воден од социјалдемократите, се наметна како приоритет и како укажување. Јасно беше дека ќе се формира зелен договор за Западен Балкан и затоа тогаш инсистирав да бидеме пионери, да ја покренеме таа иницијатава. Нас ни треба еден зелен договор за конечно политиката да ја тргнеме од решавањето на животната средина. Да, инвестициите чинат пари, понекогаш не се фер, социјално и Германија гледаме затворањето на термоелектраните си носи и свои политички ефекти. Но кога имате консензус општествен, не само политички тука викам да се вклучат и граѓански организации, науката задолжително. Новите иновации во користењето на водород на други технологии ни се неопходни во овој период и во еден таков случај ќе се знае во кој правец ќе се развива, бидејќи заштитата на животната средина, стравувањето со климатските промени се основа за новата одржлива економија која се јави и не примори да ја правиме после ковидот. Јасно беше во ковидот кога не се одеше на работа, кога немаше толку возила низ улиците, во кој правец треба да се оди. И кога правите денес муабет за една одржлива економија, таа пред се базира на зелената транзиција, на заштитата на животната средина и заедно со дигитализацијата тоа се како ги викаат „браќа близнаци“ во овој момент кои ја водат и се води како политика ЕУ. Зошто тоа ние да не го направиме? Ние имаме јасни обврски преземено, термоелектраните загадуваат, јагленот, се тоа треба да се замени. Но за тоа да се замени ние може да го направиме со замена на домашни извори или со увоз. Увозот не е секогаш фер. Цената не знаеме заради геополитичките случувања какви енормни цени се достигнуваа. Не само ние, сите влегоа во енергетска криза, снабдувањето со гас, изворите што постојат во Украина. На почеток нели не требаше да има покачување на цената, сега се најавува некое скромно, мало, затоа ако имате вие домашни извори тогаш ќе биде полесно. И во таа инвестиција, со еден општествен консензус ќе се договориме дали „Чебрен и Галиште“ ќе го правиме ние или странски, дали „Митилинеос“ ќе биде со наши пари или како стратешки инвеститори, конекторот кон Грција. Тие се темели кои треба да кажат во кој правец ќе оди зелената транзиција во нашата држава и без разлика која Влада ќе дојди ќе ги продолжи проектите. Вака секогаш врајќајќи се на почеток кон нула, или зборување едно во опозиција а друго на власт, не може да има ефект.

Зачлени се на нашиот е-билтен