Првиот заменик-претседател на Владата и лидер на Демократското движење, Изет Меџити, во интервју за албанските медиуми во Тирана изјави Меџити дека Владата донела одлука за 35 милиони евра за изградба на универзитетски кампус „Мајка Тереза“ и најавил дека во вторник ќе се донесе одлука за целосно уредување на плоштадот „Скендербег“ во Старата скопска чаршија, во вредност од 20 милиони евра.
-Во овие 100 дена значителен фокус беше ставен на зајакнувањето на децентрализацијата, која е столб на Охридскиот договор. Владата ја отвори постапката со која во ова полугодие се распределуваат 100 милиони евра за општински проекти што се однесуваат на инфраструктурата и подобрување на животниот стандард. Подготвуваме уште 250 милиони евра за периодот од јануари до март. Во рок од шест месеци, вкупната сума за реализација на проектите ќе достигне половина милијарда евра, од кои 30 отсто се наменети за албанските општини и населени места, додал Меџити.
Според Меџити, Владата на Северна Македонија постапува согласно програмите и ветувањата и спроведува проекти кои се генерално во корист на граѓаните, а особено на Албанците. Се води остра борба против бизнисот со казина за драстично намалување, бидејќи тие се штетни за граѓаните и за државата. Исто така, се работи на бескомпромисна борба против корупцијата што се случувала во минатото, иако последниот збор го има правосудството, Тој оценил дека „децентрализацијата за Албанците во Македонија е двојно поважна, бидејќи идејата на Охридскиот договор била преку зајакнување на општините, Албанците да ги остварат повеќето свои права без потреба да се обраќаат директно до Владата“, стои во соопштението од партијата на Меџити.