Двојно се зголемил бројот на дебели граѓани во нашата држава во споредба пред 30 години. Според Светската здравствена организација, процентот на дебело население во Македонија скокнал од 14,37% во 1990 година на 30,65% во 2022 година, што претставува зголемување од 113,29%. Со ваквите бројки состојбата со дебелината сега претставува сериозна здравствена закана, што пак од друга страна предизвикува сериозни импликации на јавното здравје и квалитетот на живот.
Глобалните статистики покажуваат алармантни резултати, со оглед на тоа што последните две децении, нивото на дебелина во светот скокна за 17 пати. Само Франција успеа да забележи пад на бројот на дебели возрасни лица помеѓу 1990 и 2022 година. За разлика од тоа, земји како Бангладеш, Непал и Буркина Фасо забележаа скокови кои надминуваат неверојатни 1.000 проценти. Овие податоци јасно покажуваат дека епидемијата на дебелина сега е присутна на секој агол на Земјата.
Според податоците од Светската здравствена организација (СЗО), стапките на дебелина се удвоиле во светот, вклучително и во Британија и САД. Во моментов, повеќе од милијарда луѓе ширум светот се сметаат за дебели, со БМИ над 30.
Според најновите податоци на СЗО, Американска Самоа е најдебелата нација, со три четвртини од возрасните сметани за дебели. Островите Тонга и Наури во Тихиот Океан исто така имаат стапки на дебелина кои надминуваат 70 проценти. Иако некои земји како Франција и Шпанија имаат намалено ниво на дебелината во последните три децении, ситуацијата во Британија и САД останува загрижувачка.
Во 1990 година, Обединетото Кралство било рангирано на 73-то место по дебелина, а до 2022 година паднало на 74-то место. САД биле 21-ви на листата во 1990 година, а денес се на 18-то место со 42,9 проценти дебели возрасни.
Загрижувачки е и зголемувањето на дебелината во земјите со висока сиромаштија. Во Африка, бројот на дебели луѓе сега ги надминува бројот на неухранети лица. Според професорот Александар Мирас од Империјалниот колеџ во Лондон, ова е голема загриженост, бидејќи дебелината е превентивна состојба која предизвикува сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи дијабетес тип 2, срцеви заболувања и бубрежни проблеми.
– Цената на здравјето ќе расте. Дебелината не само што е состојба сама по себе, туку предизвикува и многу други здравствени проблеми кои се многу посериозни – изјави професорот Мирас.
СЗО предупредува дека оваа ситуација ќе има долгорочни последици за глобалното здравје, бидејќи дебелината се поврзува со многу хронични болести и зголемување на здравствените трошоци.