Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети смета дека владата на Косово не треба да молчи за загриженоста на Албанците во Северна Македонија. Во пресрет на состанокот на двете влади, што ќе се одржи денеска во Приштина, Ахмети во интервју за Косова прес, ја повикува косовската извршна власт да разговара со македонскиот премиер за проблемите на тамошните Албанци.
Првиот човек на ДУИ изрази загриженост за непочитување на Охридскиот договор, по иницијативите за укинување на Законот за употреба на јазиците.