Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ДУИ и ВРЕДИ со пораки до Курти во пресрет на меѓувладината седница

Во пресрет на меѓувладината седница на Македонија и Косово во Приштина продолжуваат меѓусебните обвинувања меѓу ДУИ и ВРЕДИ.

Али Ахмети во интервју за „Косова прес“ бара акција од страна на Косовскиот премиер Албин Курти и смета дека Владата на Косово не треба да молчи за загриженоста на Албанците во Северна Македонија. Тој ја повикува косовската извршна власт да разговара со македонскиот премиер за проблемите на тамошните Албанци.

Првиот човек на ДУИ изрази загриженост за непочитување на Охридскиот договор, по иницијативите за укинување на Законот за употреба на јазиците.

Исто така очекуваме на заедничката средба со Владата на Северна Македонија, Владата на Република Косово да го покрене прашањето за албанскиот јазик. Очекуваме реакција од сите партии во Косово.

Претходно Ахмети веќе предупреди дека Албанците нема да го толерираат укинувањето на албанскиот јазик и дека албанските политички партии, сите без исклучок, имаат обврска да го заштитат албанскиот јазик, бидејќи ова прашање ги засега сите.

„Апсолутно неприфатливи се укинувањето на етничката припадност, водени од менталитет што не носи ништо добро, неправедното отстранување на Албанците од институциите, рушењето на достигнувањата во сите области, селективната правда“, рече Ахмети.

ВРЕДИ пак одлуката на Владата на Северна Македонија да ја одржи првата меѓувладина средба во Приштина ја оценува како една од најдобрите одлуки што докажува дека нашата земја е заинтересирана и вложи напори за градење на односи на задоволително ниво со соседите кои не опкружуваат.

Затоа, денеска, Владата на Северна Македонија и таа на Косово ќе одржат заеднички состанок кој е одраз на историски чекор кон зајакнување на нашите одлични билатерални односи и продлабочување на регионалната соработка.

Но, одвреме-навреме, како резултат на албанската партија, ДУИ, како узурпатор на власта, билатералните односи беа влошени, бидејќи Али Ахмети играше со двојни стандарди, одеше на гости во Косово, а во Скопје се претвораше во ревносен домаќин за претседателот на Србија, Александар Вучиќ, велат од коалицијта.

Со доаѓањето на ВРЕДИ/ВЛЕН во Владата на РСМ, односите меѓу двете држави само се продлабочија и соработката се зголеми. Кога со земјата управуваат вистинските луѓе, не недостасуваат правилни одлуки.

Зачлени се на нашиот е-билтен