Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ахмети му реагира на Курти: Албанскиот јазик е официјален и ќе го заштитиме

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, реагираше до премиерот на Косово, Албин Курти во врска со неговите коментари за Законот за јазиците.

Лидерот Ахмети истакна дека Охридскиот договор е постигнат со крвта на мачениците и е оживеан со најдобрите синови на ОВК кои го продолжија својот идеал во ДУИ, „додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор’.

Како што објавува косовскиот „Бота сот“, ова Ахмети синоќа го говорел на средба со стотина симпатизери и членови на партијата во Бутел.

Зачлени се на нашиот е-билтен