Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Радев и честиташе на новата заменик генерална секретарка на НАТО

Бугарскиот претседател Румен Радев ѝ го честита назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО.

Честитката ја упати на социјалната мрежа Икс, посочувајќи дека очекува Шекеринска да придонесе во зајакнувањето на колективната одбрана и безбедност на Алијансата.

„Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата“,напиша Радев на Икс.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.

Шекеринска на оваа позиција ќе дојде на местото Борис Руге, кој во моментов е вршител на должноста заменик-генерален секретар на Алијансата, откако Романецот Мирчеа Џеоана се повлече од функцијата за да се кандидира за претседател на својата земја.

Зачлени се на нашиот е-билтен