Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски: Бараат права во Уставот за сто Бугари, ЕУ не разбира благодарение на нашата брутална офанзива

Во денешното издание на Бгнес.бг го прнесува интервјуто што македонскиот премиер Христијан Мицковски го има дадено за косовската РТК.

„Полека има светлина на крајот од тунелот, но тоа е благодарение на нашата брутална дипломатска офанзива. Сите се запознаени со нашите позиции и бевме успешни. Во моментов нашиот став е јасен: да започнеме преговори и да најдеме решение“.
Ова го изјави северномакедонскиот премиер Христијан Мицкоски за косовската телевизија РТК.

„Подготвени сме да ја започнеме процедурата за измена на Уставот во Собранието, но во законот за измена на Уставот ќе додадеме дека овие две измени ќе станат факт кога бугарскиот парламент ќе го ратификува Договорот за наше членство во ЕУ. Само така ќе бидеме сигурни дека ќе ја завршиме трката“.

Според него, „за голем дел од земјите членки на ЕУ, речиси сите, предлогот на неговата влада е разумен и е основа за постигнување договор“.
„За оваа работа, парламентите не мора ништо да ратификуваат. Единственото нешто што треба да се направи е да се подаде рака и да се започне процесот. Доста е.

Тој праша „која е потребата од вклучување на бугарската заедница во преамбулата на Уставот кога таа претставува само неколку стотици луѓе, а такво нешто не се бара ниту од Косово, ниту од Албанија, ниту од Србија, каде што живее поголема бугарска заедница. “

Зачлени се на нашиот е-билтен