Со поставување нов асфалтен слој на џеб на улицата „Васил Сурчев“ на површина од 330 метри квадратни, Општина Струмица целосно ја релизираше програмата за асфалтирање со втор слој на улиците во градот и населените места, информираа денеска од локалната самоуправа.
Како што се наведува во информацијата, со програмата за оваа година се асфалтирани вкупно 18 улици, од кои 13 во градот и пет во селата Куклиш и Просениково и со тоа целосно е исполната програмата за годинава.
Инаку, на асфалтираните улици во градот и населените места е поставен асфаллт на површина од 16 илјади метри квадратни.
Од Општината додаваат дека со тоа се потврдува дека приоритетите или барањата на граѓаните ги ставаат на прво место, затоа што само со добра и корегирана инфраструктура може да се заокружи дека Струмица станува се поубаво место за живеење.