Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Децата најзагрозени од загадениот воздух

Високото ниво на ПМ-честичките ги загрозува најмилите кои штотуку го почнуваат животот. Секое шесто до седмо новородено дете ќе има белодробно заболување како последица од аерогадувањето. Ваквото загрозувачко предупредување пулмолозите го засноваат врз поразителни податоци предизвикани од отровниот воздух. Според нив поради високото ниво на ПМ-честичките во воздухот кај граѓаните се зголемува и бројот на болни од рак, аутизам и деменција. Но, она што е најстрашно се намалуваат и годишните граници за овие заболувања.

Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија. Најголем број од пацинетите кои се хоспитализирани се болни со ХОББ и астма. Пулмолозите апелираат граѓаните да носат заштитна маска или шал преку лицето, за да се заштитат од загадениот воздух

Скопје денеска е прв најзагаден град во Европа,а 10- ти во светот. И претходните денови македонскиот главен град беше на врвот на листите на интернет страниците за мерење на аерозагадувањето.

Зачлени се на нашиот е-билтен