Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Агелер: Наскоро нови лица на „црната листа“ на САД

– Оваа листа е многу динамична. Секогаш се разгледуваат и се дискутира за нови имиња. Немам рок кога ќе бидат објавени, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон, но можам да ве убедам дека додека зборуваме овде, одреден број на имиња се разгледуваат.Ние во секое време работиме на нови имиња и правовремено ќе ги дознаете, рече денеска Агелер.

Во изјава за медиуми денеска амбасадорката на САД, Анџела Агелер, вели дека „во Вашингон постојано се разгледуваат имиња од Македонија кои можат да се најдат на црната листа поради корупција“.

Во изјава за медиуми по отворањето на првата Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан организирана од Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL), амбасадорката посочи дека листата е отворена за дополнувања.

Во однос на прашањето за препораките на Државната комисија за спречување на корупција за назначувањето на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, таа порача да се почитуваат.

„Немам конкретни детали, но ќе нагласам дека е важно овие коментари и препораки да бидат внимателно разгледани на начин на којшто јавноста ќе добие одговори на прашањата“, посочи Агелер.

Зачлени се на нашиот е-билтен