„Бараме Владата да донесе одлука за доделување субвенции-евро дизел гориво од државните резерви за нафта, за да може до крајот на годинава да се бајпасира кризниот период за градскиот превоз на ЈСП. Добро е да мислиме 3 чекори напред“, рече координаторката на Советничката група на СДСМ во Советот на град Скопје, Љубица Јанчева, на денешната итна седница на Град Скопје.
Според Јанчева, добро е што Владата прифатила една мерка од предложените решенија на СДСМ, но побара тие да бидат прецизирани во заклучоците. Дополнително рече таа ‘треба да го знаеме и износот на субвенционираното дизел гориво’.
За трајно решавање на проблемот Јанчевач рече дека советничката група на СДСМ бара измени во Законот за финансиска поддршка на општините и јавните претпријатија основани од нив, (донесен во 2018 година од Владата на СДСМ), со кој се уредуваат сервисираните долговите на општините, вклучително и долгот на Град Скопје.
„Измените и дополнувања ги бараме за да може Законот да се примени и во случајот со Град Скопје. Во голем дел ќе се совпадне со веќе доспеаните долгови. Предлагаме Законот да биде по скратена постапка, да го предложи пратеничката група на СДСМ, и биде поддржан од сите пратенички групи“, рече Јанчева.
Јанчева побара пратениците во Собранието да иницираат свикување на Надзорна расправа во Собранието за состојбата во Град Скопје.
„Одржувањето на надзорната расправа би бил по примерот на претходните расправи, за прашања од јавен интере“ , рече Јанчева.
Консезулано да ги донесеме и конструктивно преку дебати да најдеме заеднички јазик, за доброто на Скопје, за да не трпат граѓаните на главниот град, додаде Јанчева.
Советничката група на СДСМ бара трите предлог решенија Градот Скопје да ги донесе со Заклучок.
„Да ги донесеме консезулано, преку дебати за доброто на Скопје, за да не трпат граѓаните на главниот град“ рече Јанчева.