Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Студентите утре излегуваат на протест поради хаосот со градскиот превоз

По испратениот УЛТИМАТУМ и спроведената анкета на која одговорија 3568 студенти, 85% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 66,7% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,6% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 66,7% од истите воопшто не се задоволни од истиот.  Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз (нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки), која секојдневно го нарушува студенскиот стандард, УСС-УКИМ ве повикува да го искажеме нашето незадоволство поради недостигот на квалитеттен јавен градски превоз на утрешниот протест!

Во соопштението се наведува дека протестот ќе започне утре во 14:00 часот, пред Стара Пошта по што студенитре ќе се упатат кон Град Скопје каде што ќе се соберат во 14.30 часот.

Дополнително, истакнуваат организаторите, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници. 

Барањата на студебнтите се следните:

•Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit;

•Воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје;

•Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница)

•Набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии;

•Надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт;

Зачлени се на нашиот е-билтен