Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почина српскиот политичар Драган Марковиќ Палма

Претседателот на партијата Единствена Србија, Драган Марковиќ Палма, почина денеска на 65-годишна возраст, објавија српските медиуми.

Драган Марковиќ е прогласен за најдобар српски претприемач во 1994 година, а за најдобар југословенски менаџер во 1995 година. Пратеник бил во пет мандати, а во 2003 година беше пратеник и во Собранието на Србија и Црна Гора.

Тој е основач и претседател на партијата Единствена Србија. Од 2004 година е на чело на градот Јагодина, каде што владееше две децении.

Марковиќ е познат и по долгогодишната соработка со СПС и нивниот лидер Ивица Дачиќ, а во политичкиот живот се вклучи во 1993 година кога со Жељко Ражнатовиќ Аркан и Борислав Пелевиќ ја основа Српската партија за единство.

Пред три години тој го привлече вниманието на јавноста поради сомневањата за подведување малолетници, но тој случај никогаш не најде епилог пред правосудните органи.

Зачлени се на нашиот е-билтен