Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Алтернатива: Ги повикуваме граѓаните да не станауваат жртви на подбуцнувањето од неуспешните политичари

 Централното претседателство на Алтернатива ги осудува сите постапки што ги повредуваат мирот и безбедноста и повикува на разумност и зрелост од страна на граѓаните за да не станат жртви на подбуцнувањето од неуспешните политичари, пишува во партиското соопштение.

„Централното претседателство на Алтернатива на редовниот состанок, меѓу другото, разговараше за актуелната политичка ситуација и општата безбедносна состојба во земјава, што според Алтернатива, е повредена со поттикнување на одредени деструктивни сили од опозициско потекло, кои сè уште не можат да се помират со фактот дека се во опозиција, се наведува во вечерашното соопштение на партијата.

За Алтернатива „индикативно е дека овие инциденти се случуваат токму во времето кога се случуваат и српските напади на Северот на Косово“.

Алтернатива ги осудува „сите постапки што ги повредуваат мирот и безбедноста и повикува на разумност и зрелост од страна на граѓаните, повикувајќи ги да не станат жртви на подбуцнувањето од неуспешните политичари, кои фрлаат камен и ја кријат раката“.

„Во оваа прилика, освен што ја поздравува претпазливоста на Министерството за внатрешни работи, Алтернатива ги охрабрува органите на прогонот да бидат на врвот на нивните должности и да не дозволат на кој било начин да се загрози безбедноста на граѓаните. Исто така, Централното претседателство на Алтернатива, го повикува Уставниот суд да не експериментира со своите права и обврски, што влијае на унапредувањето на правото на албанскиот јазик, бидејќи тоа може да биде удар за меѓуетничките односи во нашата земја и посветеноста на Северна Македонија кон интеграција во Европската Унија“, стои во соопштението. 

Зачлени се на нашиот е-билтен