Кога станува збор за луксузот, поточно, скапите недвижнини, многу луѓе најпрво помислуваат на Монако, Сингапур, Дубаи или Лос Анџелес. Сепак, ретко кој знае дека најскапата куќа се наоѓа во Индија.
На елитната адреса на патот Алтамаунт во Мумбаи, се издигнува вистинска убавица – Антилија, која е во сопственост на индискиот милијардер и сопственик на Reliance Industries, Мукеш Амбани.
Нејзината цена секако ќе ви го сврти паметот во главатла, бидејќи за оваа куќа е потребно да се издвојат неверојатни милијарда долари. Поради оваа многу значајна бројка, Антилија стана најскапиот семеен дом во светот, веднаш зад државната Бакингемска палата во Лондон.

Неверојатна градба на шест ката, со вистински мал луксуз на секој кат
Зградата од 37.160 квадратни метри се наоѓа во елитната населба Камбала Хил во Мумбаи и има импресивни 27 ката, пишува магазинот Global brands. Изграден е и за да издржи земјотрес со јачина од осум степени според Рихтеровата скала.
Внатре во куќата има шест ката посветени исклучиво на гаражи, во кои можат да се сместат речиси 200 автомобили, сервис за автомобили, храм, кино со 50 седишта, како и девет лифтови.
Куќата вклучува и здравствен спа центар, три хелиодроми, салон за убавина, сала за танц, студио за јога, салон за сладолед и повеќе кина. Има и „снежна соба“ која симулира снежни врнежи во многу влажен и топол Мумбај.
Поради сето ова, Антилија наводно има потреба од најмалку 600 вработени за непречено функционирање. Она што е уште поинтересно е дека оваа импозантна градба е инспирирана од Висечките градини на Вавилон.
Во зградата има и зелени градини. Нивото на градината, лоцирано приближно во средината на кулата, ги дели комерцијалните области од станбените катови и паркингот. Со оглед на добро познатата страст на Мукеш Амбани кон автомобилите, шест ката во зградата се посветени исклучиво на колекцијата на автомобили.

„Зграда на иднината“
Голем дел од она што е внатре во оваа зграда висока 173,7 метри се уште е обвиткана со мистерија, па на јавноста и е претставена главно преку надворешниот изглед. Со својата висина, цврсти ѕидови и доминантна силуета во градската панорама, зградата е ориентирана и дизајнирана максимално да ја искористи природната светлина, намалувајќи ја потребата од вештачко осветлување во текот на денот, велат од „Параметриска архитектура“.
Вертикалните градини не само што ја омекнуваат фасадата, туку ја регулираат и температурата во внатрешноста на зградата, а со тоа ја намалуваат потребата за климатизација. Во град како Мумбаи, каде квалитетот на воздухот е сериозен проблем, овие „зелени џебови“ придонесуваат не само за естетиката на зградата, туку и за нејзиното влијание врз животната средина.