Регионалните метеоролошки центри информираат дека влажен и постуден воздушен бран од Централна Европа ќе се спушти кон Балканот и во следните денови ќе предизвика значителен пад на температурите и во Македонија.
Според прогнозите, дневните вредности ќе бидат кои 8 – 10 °C пониски во однос на изминатите денови. Најизразено разладување се очекува во сабота и недела (12–13 јули), кога утринските минимални температури ќе се движат околу 12–14 °C, а дневните максимални ќе останат меѓу 22 и 24 °C во поголемиот дел од земјата.