Траект во Сплит се откачи и потопи туристички брод

Утринава околу 9 часот, во екот на силна бура со пороен дожд и оркански налети на ветер, траектот „Петар Хекторовиќ“ на хрватската компанија „Јадролинија“ се откачи од врзувачките јажиња во сплитското пристаниште и се судри со два помали пловни објекти. Едниот, туристички екскурзиски брод, потона неколку минути подоцна. Според првичните информации, нема повредени лица.

Силниот ветер, чија брзина достигна повеќе од 200 километри на час, попушти три чела и четири јажиња што го држеа траектот на кејот. Екипажот успеа брзо да спушти сидра и со тоа спречи уште поголема штета. Очевидци опишуваат дека целиот инцидент траел само неколку минути: „Само се свртев, и траектот веќе ‘леташе’ кон другите бродови“, изјави возач на камион кој чекал на терминалот. Друг сведок раскажа дека видел морнар како скока во морето откако туристичкиот брод почнал да тоне.

Траектот „Петар Хекторовиќ“ останува закотвен во Сплит додека трае увидот на поморските власти. Редовната линија кон островот Вис привремено ја опслужува траектот „Марко Поло“. Од компанијата „Јадролинија“ соопштија дека брзата реакција на посадата спречила човечки жртви и поголема материјална штета.

Невремето што ја погоди средна Далмација предизвика и прекин на сообраќајот во градот, паднати дрвја и поплавени улици. Метеоролозите прогнозираат смирување на атмосферските услови во следните часови, но апелираат до капетаните и сопствениците на пловни објекти да ги зацврстат мерките за безбедно врзување додека трае нестабилниот фронт.

Зачлени се на нашиот е-билтен