Автобус што превезувал 77 членови на детски фолклорен ансамбл од Лавов се превртел во Унгарија додека патувал на фестивал во Охрид. Инцидентот се случил на 6 јули попладне, кога возачот, според првичните наоди, изгубил контрола и возилото завршило во канал.
Според соопштение на украинското Министерство за надворешни работи, на кое се повикува новинската агенција РБК-Украина, во несреќата се повредени 21 лице, од кои четворица тешко – двајца возрасни (родени 1954 и 1958) и две деца (родени 2007 и 2011).
Децата со полесни повреди се префрлени во градот Кунсентмартоn, каде што ансамблот привремено е сместен. Превозникот веќе организира замена автобуси за продолжување на патувањето. Украинскиот амбасадор и конзулите се на терен и ја следат ситуацијата, соопштува МНР Киев.
РБК-Украина потсетува дека ова е втор сериозен патнички инцидент со украински државјани во последниве недели; претходно имаше сообраќајка во Полска во која беа повредени повеќe десетици луѓе.