Педесетгодишниот А.М. од селото Батинци, вработен во Армијата на Република Северна Македонија, почина од прострелни рани откако утринава околу 10:15 часот врз него било пукано додека управувал автомобил „Киа“ на влезот во селото. Министерството за внатрешни работи соопшти дека напаѓачот, идентификуван со иницијали М.Џ., пукал кон возилото во движење и потоа се дал во бегство.
Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде лекарите во 11:00 часот констатирале смрт. Од Армијата потврдија дека А.М. не бил на служба, туку користел слободен ден, и изразија длабоко сочувство до семејството. На местото на настанот извршен е увид од јавен обвинител, крим-техника на СВР Скопје и дежурна екипа на Воената полиција.
Полицијата работи на пронаоѓање на осомничениот и на утврдување на мотивот. Инцидентот е квалификуван како убиство со огнено оружје; казната за вакво дело, според Кривичниот законик, може да достигне и доживотен затвор.