60-годишна жена во Карпош, со тешки повреди однесена во болница

Фотографија од архивата на МВР
Фотографија од архивата на МВР

60-годишна жена е жртвата која беше прегазена во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на крстосницата меѓу скопските населби Карпош 2 и Карпош 3, кај Педагошката академија, соопшти денеска МВР. Ја прегазил 32-годишник од Мала Речица.

„На 14.07.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и бул.„8 Септември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, управувано од А.Ф.(32) од с.Мала Речица, тетовско и велосипед управуван од А.М.Т.(60) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М.Т., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од страна на екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен