Либертас: Државната агенција МИА со непрофесионален однос кон Венко Филипче

Со денови траело договарањето на интервјуто побарано од страна на државната агенција МИА со СДСМ, за видео интервју со лидерот Венко Филипче, пренесува во својот новинарски текст порталот Либертас повикувајчи се на партиски и од новинарски извори.

Договарењето почнало со понуда за интервју и експресен одговор дека Филипче прифаќа и чека термин за снимање.

Но, наместо термин од уредништвото на агенцијата стасал абер дека И ДВЕТЕ КАМЕРИ одеднаш им се расипале и не можат да го реализираат интервјуото кое го побарале. Од партискиот штаб на Филипче веднаш им ги понудиле двете нови камери на партијата да им ги позајмат за интервјуто.

Следела нова „пречка“ – уредниците на МИА рекле дека сепак не се расипани само камерите туку и монтажниот стол. .

Според нашиот извор и оваа понуда била одбиена дека МИА не може да позајмува туѓи камери и техника и повеќе не одговориле на повикот дали ќе прават интервју или не.

Утрово Либертас на адреса на главниот уредник на МИА, на уредникот на редакцијата и на дежурните во дескот испрати прашање да ја слушнеме нивната верзија нќза тоа дали дали има проблем и кој е вистинскио, оти тие, како државна агенција која троши пари и од буџетот, но и од медиумите кои се претплатени на нивниот сервис се очекуа да бидат независни и професионални.. Во меилот испратен на повеќе адреси на уредништвото МИА претпладнево, до вечерва не добивме одговор на прашањето ШТО СЕ СЛУЧУВА.

– Почитувани,

Би ве замолиле за коментар околу видео-интервју со Венко Филипче кое сте го побарале вие, но подоцна со изговор дека ви се расипале двете камери сте го откажале. Имаме информации дека не сте прифатиле и понуда од СДСМ да ви ги позајмат нивните две камери и монтажа за да биде реализирано интервјуто. Во интерес на јавноста прашуваме кој ви е вистинскиот проблем, за да побарате па да одбиете интервју со лидерот на СДСМ – гласеше прашањето до уредништвото на агенцијата.

Пред неколку месеци владата на Мицкоски назначи нов генерален директор, Дарко Јаневски, додека главен и одговорен уредник e Пандорка Арсовска Гацова.

Зачлени се на нашиот е-билтен