Дваесет години потоа: дали ЕУ членството ги збогати новите членки?

ЕУ членството, покажуваат бројките, ја турна Источна и Централна Европа напред: дваесет години по големото проширување од 2004, повеќето нови членки значајно ѝ се доближија на европската просечна благосостојба. Според Eurobarometer, 74% од граѓаните во Унијата сметаат дека членството им носи корист – највисок резултат откако се мери ова прашање.

Грубата мерка е доходот по жител. Чешка се искачи од 45% од ЕУ-просекот во 2004 на 74% во 2024 (од €9.490 на €29.940 по жител), Литванија од 26% на 68% (од €4.960 на €27.350). Романија и Бугарија се рекордери по динамика: индексот на БДП по жител им пораснал околу петпати (Романија 558%, Бугарија 500%), а PPS-куповната моќ од 35 поени во 2004 им стигнала на 78 и 66. Балтичките земји, пак, бележат скок од 305–405% по жител во две децении.

Сликата не е рамна: „старите“ шампиони како Словенија и Чешка денес се блиску до ЕУ-просекот по PPS (околу 91), а Полска и Естонија стигнуваат кон 79. Но трендот е јасен – интеграцијата ја забрза конвергенцијата: извоз, инвестиции, мобилност, пристап до пазар од 450 милиони и европски фондови ѝ дадоа мускул на индустријата и платите.

Има и реално политички додаток: кандидатите денес се економски мали во споредба со Унијата – без Турција, нивната заедничка економија (околу €381 млрд) е помала и од данската – што значи дека нов бран проширување повеќе би ја менувал геополитиката отколку европската агрегат-економија.

Зачлени се на нашиот е-билтен