Филипче: Извештајот потврдува дека Владата нема капацитет, волја ниту визија да ги спроведува ЕУ реформите

Извештајот потврдува дека Владата нема капацитет, волја ниту визија да ја води државата кон ЕУ, рече денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес конференциијата на која се осврна на Извештајот за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграциите.

„Извештајот на ЕУ го потврди тоа што го зборуваме годинаипол наназад. Потребно е спроведување на суштинските реформи поврзани со ЕУ, потребни се трајни решителни чекори за забрзување на сите ЕУ реформи. Се доцни во сите столбови на Планот за раст, констатирана е слаба координација, а недоволниот институционален капацитет го загрозуваат финансирањето базирано на перформанси преку механизмот на реформи и растат“, истакна Филипче.

Нема напредок и стагнираат области што се од посебен интерес на младите, на приватниот сектор, нагласи претседателот на СДСМ.

„Нема усогласување со правилата на ЕУ. Реформите за неформалната економија се во застој и контатирано е слабо управување со јавни инвестиции. Перзистентната корупција и правната несигурност ги обесхрабруваат инвестициите. Имаме делумна дигитална трансформација, но бавен напредок во усогласување со Европската унија“, посочи Филипче.

Филипче посебно го потренцираше делор од извештајот во кој се нотира слабата координација и низок институционален капацитет коишто го загрозуваат финансирањето на реформите за раст.

„Не се предвидени, внимавајте, во буџетот доволно финансиски средства за да се спроведува планот за раст. Значи не се предвидени пари да се спроведуваат реформите коишто прво ќе го зајакнат системот, а понатаму не носат до дополнителни извор на средства од Европската Унија откако реформите ќе се спроведат согласно Планот за раст“, заклучи Филипче.

Тоа покажува, за жал, рече Филипче, дека оваа влада ниту има капацитет, ниту волја, ниту визија како да ја води државата напред.

„Реформите се од заеднички интерес граѓаните тоа го очекуваат. И тие се огледало на вистинската волја на владата да ги менува работите на подобро, да се откаже од злоупотребите на судството на администрацијата и на целиот државен апарат. Во крајна линија напредокот во реформите е клучна оцена за тоа дали било која влада е искрена и нешто сака да смени во државата. Согласно ова, очигледно е дека владата на Мицкоски ниту сака, ниту има намера да направи нешто суштински добро во државата“, нагласи претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес конференциијата на која се осврна на Извештајот за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграциите.

Зачлени се на нашиот е-билтен