Средба Филипче – Костреш: Продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска остварил средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија. 

„На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти“ се наведува во соопштението на СДСМ.

Оттаму додаваат дека двете партии ја истакнале заедничката посветеност на три клучни приоритети: интеграцијата на земјите во Европската унија, решителната борба против корупцијата и криминалот и заедничката борба против национализмот, како предуслов за стабилност и развој на целиот регион.

Зачлени се на нашиот е-билтен