Биткоинот денес накратко падна под границата од 85.000 долари, продолжувајќи ја низата пониски вредности што ја одбележаа трговијата во последните недели. Според податоците од берзите, најпознатата криптовалута изгуби повеќе од пет проценти од вредноста во текот на денот и се движеше околу 85.370 долари околу 14 часот по локално време.
На пазарот е забележана засилена распродажба, особено по значителниот месечен пад во ноември. Во текот на минатиот месец биткоинот се намали за над 18.000 долари, што претставува најголем номинален месечен пад од мај 2021 година – период кога криптопазарите претрпеа поостри корекции.
Аналитичарите наведуваат дека моменталната нестабилност се должи на комбинација од фактори, меѓу кои глобалните финансиски движења и засилените реакции на инвеститорите поради неизвесноста на пазарите.