Мицкоски без противкандидат на партискиот конгрес во Кавадарци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да коментира дали по конгресот се планирани промени во раководството на партијата

На конгресот во сабота, на 6 декември во Кавадарци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најверојатно ќе нема противкандидат. Оваа информација партискиот лидер ја потврди во емисијата „360 степени“.

„Немам информација дека ќе има и втор кандидат, така што до моментот ценам дека информациите што стигнуваат се дека ќе биде само еден кандидат, односно ќе бидам кандидат јас“, рече Мицкокски.

Ако Мицкоски ја добие поддршката на претстојниот конгрес, тоа ќе биде негов трет мандат на чело на партијата. Според актуелниот статут, претседателот на партијата има право на најмногу три мандати. Тоа значи дека ова би требало да биде негов последен мандат како претседател на партијата.

Мицкоски не одговори на прашањето дали има партиски иницијативи за менување на партискиот статут, со кој би се сменила ваквата одредба.

 На новинарско прашање, има ли иницијатива за менување на партискиот статут, Мицкоски одоговори:

„Па, не би коментирал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да коментира ниту дали по конгресот се планирани промени во раководството на партијата, на пример, дали евентуално се планира промена на позицијата генерален секретар, Мицкоски одговори дека сè уште не размислувал за тоа, бидејќи биле фокусирнаи на конгресот и на тоа какви документи и одлулки ќе бидат донесени за функционирање на партијата.

Мицкоски најави дека после конгресот ќе има промени во рамките на партијата, но не сакаше да коментира за можниот избор за нов генерален партиски секретар или пак како за нови имиња на потпретседатели.

Зачлени се на нашиот е-билтен