Масовни протести во Софија, невиден вандализам на улиците

Бугарија
EPA/BORISLAV TROSHEV

Масовни протести против Буџетот за 2026 година се одржаа во голем број градови низ Бугарија, известуваа бугарските медиуми.

Протестот во Софија започна околу 18:00 часот каде што се собраа илјадници граѓани.

„Сите овие луѓе нема да се откажат додека буџетот не биде повлечен“, рече претседателот на „Продолжуваме со промените“ Асен Василев.

Ова е втор ваков протест. Минатата среда, на истото место беше организиран првиот протест против буџетот, што доведе до негово замрзнување и повторно започнување на преговорите за негово усвојување.

На протестот беа присутни водечките политичари од коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (НП-ДБ), меѓу кои Ивајло Мирчев, Кирил Петков, Николај Денков, Ивајло Шотеков и други.

Демонстрантите носат постери на кои пишува „Не сакаме буџет без реформи“, „„Нема да дозволиме да нè лажат“, „Поради вас, повеќе не нè сакаат во странство“, како и постери против лидерот на ДПС – Нов почеток, Делјан Пеевски.

Масовни протести имаше и во поголемите градови ево земјата – Варна и Пловдив.

На почетокот протестот во Софија беше мирен, но некаде околу 22 часот се претворија во насилни судири меѓу органите на редот и демонстрантите, јавија медиумит.

Тензиите ескалираа пред седиштето на Демократското движење за социјализам – Нов почеток, каде што група демонстранти фрлиле димни бомби врз полицијата.

Вистинскиот судир, сепак, се случи на раскрсницата на булеварите „Васил Левски“ и „Дондуков“, која се претвори во арена за вистинска битка.

Дел од медиумите велата дека оваа група демонстранти биле видливо различни од демонстрантите кои се собраа на плоштадот. Тие беа облечени во црно и маскирани и фрлаа колци, камења и петарди врз полицијата. Тие ги запалија контејнерите за ѓубре со кои ја нападнаа полицијата. Прозорците на полициските автомобили беа скршени.

Полицијата на почетокот успеа да ги оттурне демонстрантите, но сидирите продолжиле кај клубот на ГЕРБ на булеварот „Дондуков“ каде што избувна голем пожар кој подоцна беше изгаснат од противпожарната служба.

Полицијата успеа да ги оттурне демонстрантите. На местото на настанот имало амбулантни возила од Службата за итни случаи кои неколку повредени лица прененсоа во болниците. Еден полицаец има скршена нога, а друг е хоспитализиран.

Претседателот Румен Радев повика на предвремени избори. Според него, ова не е судир меѓу полицијата и демонстрантите, туку провокација од страна на мафијата, која има за цел да се соочи со нив.

„Насилството мора да престане. Ги повикувам сите да се придржуваат до законот. Провокациите не го менуваат фактот: Бугарите рекоа НЕ на оваа влада. Има само еден излез: оставка и предвремени избори“, напиша Радев на социјалната мрежа.

Лидерот на ДПС-Нов почеток, Делјан Пеевски, го обвини Радев дека е вистинскиот организатор на погромите. „Дали ова го сакате за Бугарија, господине Радев? Хаос, немири, беззаконие и анархија? Која е цената – демократија и мир во државата!“ Ова е напишано во ставот на лидерот на ДПС-Нов почеток, Делјан Пеевски, по повод повикот на претседателот Румен Радев за предвремени избори и оставка. Според него, „Румен Радев е вистинскиот организатор на погромите, палежите и хаосот“.

Протестите доцна во ноќта завршија, а комуналните служби во Софија цела ноќ го рсачистуваа нередот.

Зачлени се на нашиот е-билтен