Украинските вооружени сили денеска соопштија дека судирите во Покровск, клучен логистички центар за украинската армија на истокот на земјата, и понатаму траат, иако руските власти утрово објавија дека го зазеле градот по повеќемесечни интензивни напади, пренесуваат француските медиуми.
Според информациите на Источната украинска армиска група, која е надлежна за овој сектор, „во Покровск продолжуваат операциите за пребарување и напад, како и елиминација на непријателот во урбаните подрачја“, пренесуваат порталите на париските дневници Ле Монд и Франс Инфо.
Украинската војска наведе дека руските сили, користејќи ги неповолните временски услови, се обиделе да постават знаме во едно населено место за да го искористат како пропаганден симбол на наводно преземање, пред да се повлечат.
И покрај лошото време, украинските единици продолжуваат со воздушно извидување, прецизно таргетирање и нанесување удари врз непријателските позиции, соопшти војската.
Во секторот Покровск биле одбиени 72 руски напади и биле неутрализирани 104 руски војници, од кои 81 загинат. Уништени се 11 дронови и четири возила, а оштетени се уште две возила и еден артилериски систем.

