Јавна егзекуција на стадион во Авганистан, присуствувле десетици илјади луѓе

Авганистанските талибански власти денес извршиле јавна егзекуција на стадион во градот Хост на истокот од земјата.

Маж за кого Врховниот суд на Авганистан соопшти дека претходно оваа година убил 13 членови на семејството, вклучувајќи и неколку деца, е погубен.

Десетици илјади луѓе, вклучувајќи роднини на жртвите, биле сведоци на егзекуцијата на спортскиот стадион.

Врховниот суд соопшти дека ова е 11-та јавна егзекуција откако Талибанците ја презедоа власта во 2021 година.

Специјалниот известувач на Обединетите нации за Авганистан, Ричард Бенет, претходно денес на социјалната мрежа X објави дека извештаите укажуваат на тоа дека јавна егзекуција е неизбежна и повика таа да се запре.

„Јавните егзекуции се нехумани, сурови и невообичаени казни и се спротивни на меѓународното право“, напиша Бенет.

Зачлени се на нашиот е-билтен