Социјалдемократите со остра реакција до власта педводена од Христијан Мицкоски, за стандардот на граѓаните. Од СДСМ посочуваат дека е добро што власта ги постави камерите, бидејќи сега од кабинетот во зградата на Владата Мицкоски, ‘зад вратената ограда, ќе може да ја види катастрофалната состојба во Македонија’.
Според информации на СДСМ, за само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои биле нерегистрирани.
Од таму додаваат дека ваквиот податок е уште еден показател за тоа колку е паднат стандардот на граѓаните со Мицкоски и ДПМНЕ.
„Народот нема пари ниту за регистрација на автомобилите. И тоа зборуваме за паднат стандард во Скопје, во главниот град, колку е само полоша состојбата во помалите градови и населени места? Економијата паѓа а народот едвај преживува“, велат од СДСМ.
Добро е што власта ги постави камерите, сега од неговиот кабинет во зградата на Владата Мицкоски, зад вратената ограда, ќе може да ја види катастрофалната состојба во Македонија.
Мицкоски се огради од народот па сега ќе може да гледа на камери.
„Додека власта се гоштева со папаја и манго, се вози со бизнис класи, додека врти милионски тендери за испумпување на партите на граѓаните -народот нема пари ниту за регистрација на возилата. Тоа „економскиот тигар“ им го донесе на граѓаните и им го постави како „стандард“, велат од СДСМ.
Од таму соопштуваат дека СДСМ ја тргна оградата пред владата одма веднаш по рушењето на режимот на Груевски, просторот и вратата во Владата беа отворена за граѓаните, затоа што им припаѓа на граѓаните.
„Ама ученикот на Груевски ја врати оградата и тоа е показател колку се исти. Ова е иста банда. Работата сè уште не е завршена“, велат од СДСМ.

