Грција лансираше пет сателити кои сега се во орбитата околу Земјата како дел од „Националната програма за микросателити“.
Со овие пет сателити, Грција ги подобрува своите капацитети во услугите за набљудување на Земјата и безбедните комуникации.
Според вицепремиерот и портпарол на грчката Влада Павлос Маринакис, „ова е многу значајно достигнување, кое дополнително ја зајакнува позицијата на нашата земја во рамките на современиот технолошки и вселенски екосистем“.
„За прв пат стекнуваме сопствени податоци добиени од вселената, а со тоа и нови капацитети за креирање политики, развој на производи и донесување одлуки во критичните сектори: од безбедноста и цивилната заштита до мониторингот на животната средина и одржливиот развој“, изјави по повод лансирањето на сателитите министерот за дигитално управување, Димитрис Папастергиу.

