Блумберг: Македонска компанија сигурен партнер на „Мерцедес“, БМВ, Тесла, Рено…

Блумберг

Угледното регионално онлајн издание на „Блумберг“, ја портретира „ЛТХ Леарница“, компанија за производство на алуминиумски компоненти основана во 2005 година во Охрид, која прозиведува за светските авто-гиганти.

Денес комплетното портфолио на компанијата, како и на групацијата „ЛТХ Кастингс“ е 100 отсто автомобилска индустрија. Групацијата има свои ќерки фирми во Словенија, Хрватска и во Македонија.

„По 20 години, горди сме што сме препознаени како сигурен партнер на глобални брендови како ‘Мерцедес Бенц’ (Mercedez Benz), БМВ (BMW), ‘Тесла’ (Tesla), ‘Рено’ (Renault), ‘Континентал’ (Continental), ‘Костал’ (Kostal), ЗФ (ZF) и други“, вака почна да раскажува Наташа Јовческа, генерална директорка на „ЛТХ Леарница“, во разговорот за „Блумберг Адрија“.

Во фабриката во Охрид работат над 500 вработени, а годишно се произведуваат стотици илјади компоненти – од фланши и куќишта до сложени склопови.

Зачлени се на нашиот е-билтен