Необичен, но и опасен инцидент се случил минатиот викенд во Розвел, Џорџија, кога маж се обидел да спаси повреден ракун. Намерата да помогне брзо се претворила во сериозна медицинска драма, пренесува FOX19.
Според Центарот за природа „Chattahoochee“, мажот го затекнал ракунот повреден и решил сам да го однесе до центарот. Го замотал во својата јакна и го држел на градите додека возел повеќе од еден час. За време на патувањето, исплашеното животно станало агресивно и го изгризало по лицето и рацете.
Невообичаена „мисija за спасување“ што замалку завршила трагично
Наместо веднаш да побара помош, мажот се вратил дома, каде повторно го замотал ракунот овојпат во ќебе и леплива лента, па повторно тргнал кон центарот. Таму, персоналот го презел ракунот на паркингот и го сместил во заштитен кафез, истовремено советувајќи го човекот итно да замине во болница.
Во ветеринарната болница животното било присилно успиено. Помалку од 48 часа подоцна, стигнале резултатите од тестирањето: ракуно бил позитивен на беснило.
Од Центарот предупредиле дека со своите постапки, мажот не само што го загрозил сопственото здравје, туку потенцијално и здравјето на други луѓе. На мажот му е даден третман против беснило, но засега не е познато дали дошло до инфекција.

