Со 84 гласа „за“ без ниту еден против и воздржан беше изгласана потребата за формирање на анкетна комисија предложена од парламентарното мнозинство а во која ВМРО-ДПМНЕ инсистираше да бидат опфатени несреќите за Кочани, Модуларната во Тетово Дурмо Турс и Беса Транс. а кои земаа вкупно 138 жртви.
Парламентарното мнозинство на чело со ВМРО-ДПМНЕ предложи наместо анкетна комисија само за Кочани, во истата да се стават сите несреќи кои се случија во последно време во државата.
Во дискусиите на владејачките пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, преовладуваше желбата, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, како поранешен министер за здравство да даде поддршка на нивната иницијатива.
Иницијативата за анкетна комисија на која ќе се расправа за трагедијата во Кочани, на СДСМ и останатите опозициски партии во Собранието, на која жестоко се спротивстави владејачката ВМРО-ДПМНЕ, не ја помина процедурата при гласањето на потребата.
Координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски реагираше дека до нив не биле доставени амандманите за иницијативата на владејачкото мнозинство, по што собранискиот спикер Гаши ги упати да проверат на електронските адреси.
Според Спасовски за новоизгласаната анкетна комисија, кој беше предлог против анкетната комисија за Кочани, рече дека се покажа оти партиската директива е посилна од инсистирањето на родителите на загинатите во Кочани да се расправа за трагедијата.
„Ова претставува уште едно понижување, разочарување на семејствата коишто изгубија најмногу и коишто не можат ништо да надоместат со било каква дебата и од било кого. Родителите и семејствата чекаат барем трошка надеж, барем трошка вистина, барем малку човечност и барем еден знак дека институциите се на нивна страна“, рече Спасовски.
Учество со амандмани на владината иницијатива земаа и тројцата пратеници на Села кои посочија дека анкетна комисија е добра можност да се стави на тест функционалноста на институциите.
Левица денеска најавија дека анкетната комисија за Кочани ќе се одржи на 9 декември,бидејќи тоа веќе било договорен термин со семејствата на настраданите.

