Фатон Сељами е нов Народен правобранител

Со 89 гласа ЗА, Собранието на денешната 65. седница го избра Фатон Сељами за нов Народен правобранител.

Од пратениците кои гласаа, шест беа „против“, додека од пратениците кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство, 28 гласаа „за“, а осум „против“.

Фатон Сељами од Тетово е дипломиран правник и магистер по правни науки, со положени правосуден и нотарски испит. Со изборот на оваа функција, тој ќе ја преземе одговорноста за заштита и унапредување на човековите права и слободи на граѓаните.

Функцијата Народен правобранител со месеци беше испразента откако замина претходникот на Сељами, Насер Зибери

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?