Филипче за болницата во Штип: Кој ќе одговара за поплавената соба?

„Кој ќе одговара?“, праша Венко Филипче во објава на Фејсбук за болницата во Штип. Според него, фотографијата што ја сподели прикажува поплавена соба со оштетен таван во штипската Клиничка болница. Критиката за условите во кои се лекуваат пациентите и работат лекарите ја упати до Христијан Мицкоски и Сашо Клековски.

„Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите“, напиша Филипче. Во објавата не прецизира за кое одделение станува збор, што го предизвикало поплавувањето и дали во тој момент во собата имало пациенти.

Филипче го отвори и прашањето како се трошат јавните пари. „За криминални тендери има пари, а за здравството нема“, напиша тој. Во објавата не посочи конкретен тендер на кој се однесува обвинувањето.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?