Управата за хидрометеролошки работи информира дека утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи.
На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд.
Максималната дневна температура ќе се движи од 1 степен на повисоките места до 11 степени во дел од котлините.