Денеска на програмата на ракометното Европско првенство се три меча од главната рунда во групата 1.
Во 20.30 ласот во Хернинг домаќинот Данска ќе игра против Германија во дерби натпревар и меч кој за домаќините е да се биде или не.
Имено тие денеска мора да слават победа против Германија, во спротивно тешко дека ќе го видат полуфиналето.
Денешната програма стартува во 15:30 часот со натпреварот Португалија – Норвешка, а од 18 часот на програмата е дуелот меѓу Франција и Шпанија.
Вака изгледа табелата во пресрет на денешните мечеви во групата 1 во главната рунда.
Германија 6, Франција 4, Данска 4, Норвешка 2, Португалија 2, Шпанија 0.