Правдата во државата се погребува, судството и обвинителството се стават под директна контрола на Мицкоски, а наместо независни правосудни институции –гледаме партиски инсталации. Наместо владеење на правото – контролирано судство, порача членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски,
Тој рече дека власта го сменила јавниот обвинител за да се инсталира обвинител под нивна контрола.
„Јавно, на телевизија Мицкоски ја елиминираше независната кандидатка за јавен обвинител, Ленче Ристоска.
Иако таа доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители, со позитивна оценка за професионалност и стручност. Граѓаните знаат дека таа беше и јавно навредувана од Мицкоски како „медиокритет”.
Мицкоски сам одлучува, си бира по негово, сака јавен обвинител под негова целосна контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд.
Портпаролката на Владата ги знае судските одлуки за процеси кои се уште не се завршени а Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи на обвинителите, им кажува што и како да работат.
Водат кампања против предметите на СЈО за дискредитација на пресудите, во обид да се избрише одговорноста на нивните функционери. Затоа нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ.
Поминаа повеќе од 80 дена од првата пријава на СДСМ до ДКСК, нема никаков одговор. Над 80 дена сите молчат. Нема реакција ниту од обвинителството, ниту од финансиската полиција, сите молчат“ рече Фрчкоски.
Фрчкоски посочи и дека власта се луксузира врз грбот на народот, се планираат нови авиони, часовници, чанти, а во меѓувреме врват криминални тендери.
„Нема пари за поголеми плати, нема за земјоделците, за лекови за болните. Така изгледа политиката на ВМРО-ОКГ, така изгледа големиот патриотизам. Исто како во времето на Никола Груевски на кого му спремаат враќање во Македонија. Единствениот булинг на македонскиот народ го прави ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ истакна тој.