Серемтемурите во Скопје

Серемтемури

Секогаш во истиот период од денот се собираа или моментот пред целосно да се затемни, некаде триесет минути пред моментот кој ние луѓето го нарекуваме самрак.

Миле БОШЊАКОВСКИ

Во последниве години често поминувам на тој дел и речиси секогаш гледам некој посран човек. Не се малку. Проценката ми укажува дека околу две и пол илјади живеат на тој простор од почетокот кај ТЦ „Палома Бјанка“, па сè до полициската станица „Беко“, односно паркингот пред „Малага“.

Зигфрид имаше петнаесет години и тоа веќе беше длабока старост. Во Скопје беше дојден како тригодишен, со некои големи бури од север. Со Марија беа партнери веќе дванаесет години и имаа неброено големо потомство.

Тоа сабајле заврши петдневното серење врз луѓето во костими и одела што поминуваа долу под нив. Тоа беше вратка за шутирањето со кое беше повреден еден од постарите мајстори на групата, Гифрат, кој сепак закрепна од клоците што ги доби од костумираните луѓе.

Зигфрид беше нешто како водач на целата нивна група. Проблемот беше што договорите ги правеа на еден мек начин, но тоа звучеше многу хаотично како вербална експлозија.

Се обидував да ги слушам тој ден. Секогаш во истиот период од денот се собираа пред целосно да се затемни, некаде триесет минути пред моментот кој ние луѓето го нарекуваме самрак. Не живееја сите тука, но локацијата им беше територија за ноќевање. Затоа се собираа тамо и тоа им доаѓаше нешто како дневна соба.

Почнаа да се „јавуваат“, да си ги бараат партнерите. Марија се подисплаши кога Зигфрид дојде дури по петтиот повик. Годините си го правеа своето. Таа беше исплашена секој ден, а секоја вечер заедно ја доживуваше како бонус, би се рекло.

Откако утврдија колкумина се денеска присутни, дали некој се преселил и кој каде заминал, на крај секогаш следеше најболниот дел од разговорот.

– Имаме ли некој што умрел денеска, а да знаеме за него? – праша Зигфрид.

– Темур го прегазија. Со оние новите што ги возат на две тркала, уште не знам како ги викаат – одговори Зифра, неговата партнерка, со ужасна тага во гласот.

Нивните деца, веќе сложни парови во број над дванаесет, почнаа да плачат и да испуштаат гневни извици.

– Многу ми е жал за Темур. Знаеше секогаш да најде излез и во безизлез. Утре почнуваме со освета. Ќе ги сереме тие со возилата на две тркала, таргетирано, три дена, сè додека некој од нив не падне и не се повреди. Мора да ги здоболи – за Темур.

По ова сите се повлекоа на ноќевање.

Сонот им беше паничен. Се качуваа уште повисоко и се групираа во поголеми целини, по парови, а главата ја вовлекуваа во телото. Само хиерархиските водачи спиеја одделно – во случајот Зигфрид и Марија.

– Да не предизвикаме гнев па да настрада уште некој наш – му рече тивко таа.

– Ќе бидат внимателни младиве. Кога сереме, нема да се спуштаме ниско. Нема опасност. Ме плашат само блиските на Темур, ама ќе бидам до нив, ќе ги набљудувам и ќе ги штитам – одговори Зигфрид.

Потоа заспаа.

Телото им се опушти, но најмалку десет пати беа вознемирени од полулесниот сон. Малите луѓе фрлаа експлозивни направи, со посебен интензитет во ладните месеци, кога завршуваше циклусот на ротацијата на планетата.

Утредента започна акцијата за серење на луѓето со малите справи за возење на две тркала. Првиот ден имаше дури три паѓања.

Истата вечер, на собирањето во дневната соба над паркингот на „Малага“, Зигфрид не беше задоволен.

– Тројца паднаа. Во некои времиња ќе бев задоволен и ќе ви речев да престанеме, ама нема да престанеме. Продолжуваме според првиот план. Уште два дена.

Во тој момент писна за да добие внимание да каже нешто еден од младите, директно одговорен за паѓањето на двајца од тројцата тој ден.

– Ако ми дозволиш, Зигфрид. Приметив дека ако ги посереме на две места, речиси сигурно паѓаат. Сите знаеме за главата, ама важна им е и рачката кај десната рака. Така го утепав вториот случајно, па решив да повторам за да проверам.

– Браво, младичу. Утре сите со двоен напад – кон главата и кон десната дланка.

Повторно писна младиот овојпат пократко и посигурно.

– Мислам дека е време да им дадеме име на тие справи. Веќе повеќе ротации ги возат изгледа ќе останат како Тркатолите и Мркатолите пред многу, многу – ротации.

– Имаш идеја? – праша Зигфрид.

– Да ги викаме Серемтемури, во чест на мојот роднина Темур.

И така беше.

Во наредните два дена, во Скопје жртви на серење од височина беа уште петмина луѓе што возеа со своите Серемтемури.

А јас, како и секогаш, само поминав од таму.
Погледнав нагоре.
И инстинктивно го забрзав чекорот.

Зачлени се на нашиот е-билтен