Среќен роденден, Игор Џамбазов! Благодарност за сè што ни даде и за сè што допрва ќе создадеш

Џамбазов

Игор Џамбазов го прослави 63. роденден. Човекот кој со децении нè учи дека смеата е лек, а уметноста начин на живот. Актерот што ги обележа театарот, филмот и телевизијата, на музичарот, писателот, шоуменот и пред сè на човекот што остана свој.

Има луѓе што настапуваат на сцена, а има и такви што самите стануваат сцена. Игор Џамбазов е токму таков препознатлив лик и глас, неисцрпна духовитост, искреност без маска и талент што ги поврзува генерациите.

Рацин.мк му посакува здравјето, инспирацијата и добриот хумор продолжат да бидат неговите најверни сопатници. Да ни подари уште многу улоги, песни, книги, монолози и незаборавни моменти што ќе останат дел од колективната меморија на Македонија.

Среќен 63. роденден, Игор! Благодарност за сè што ѝ даде на македонската култура и за сè што допрва ќе создадеш. 🥂🎭🎬🎶

Најчитано